Мени

Клубовите да предложат најдобри спортисти за 2013

17.01.2014 13:06 | KumanovoNews

Спортските клубови до крајот на месецов можат да предложат спортисти, тренери или спортски работници кои според нив заслужуваат да бидат избрани за најдобри за 2013 година.

Клубовите да предложат најдобри спортисти за 2013

Предлогот со генералии и успесите на спортистот на државно и меѓународно ниво треба да се достави до Општинскиот сојуз на спортови на ул.“Моша Пијаде“ бр.14 или електронски на [email protected]. Најдобрите ќе бидат наградени на спортската манифестација “ Прогласување на најдобри спортисти за 2013“ која ќе се оддржи во првата половина на февруари.