Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, Комерцијална банка ќе им отвори– отворено детско штедење „Верверичка”, со износ од 3.000 денари и исто толку штедни касички, на сите деца кои ќе се родат на 31 октомври во градовите каде што Банката има отворено свои филијали и експозитури.
Родителите на новородените деца ќе можат да ја подигнат оваа награда со поднесување извод од новороденчето и копија од лична карта (на еден од родителите – законски застапници) во Централата на Банката, како и во сите филијали и експозитури на Банката во Републиката- се вели на сајтот на банката.
Филијалата Куманово од 4 октомври работи во новите деловни простории кои се наоѓаат на ул. „Маршал Тито“ бб на Грдскиот плоштад.
Светскиот ден на штедењето се слави на 31 октомври, како сеќавање на Првиот меѓународен конгрес на штедилниците одржан на тој ден во 1924 година, во Милано. Учесниците на Конгресот се согласиле дека штедењето е многу потребно за развојот на човештвото, како и за заживување на борбата против расипништвото. Таа одлука е донесена од страна на 350 делегати од 27 земји, кои претставувале околу стотина милиони штедачи.