Конфискувани акции на Даравелски
13.07.2010 07:09
| KumanovoNews
Извршители на Агенцијата управување со одземен имот конфискуваа акции од фирмата „Стотиха„ во вредност од 2.049.000 евра поврзани со кривични дела перење пари.

Централниот депозитар на хартии од вредност запленетите акции во ИК Банка-2.130 акции, КИК - АД Куманово - 12.778 акции, „Југоопрема„ - АД Скопје - 13.544 акции, Козјак - 921, ЗИК „Скачковце„ - 564, „Трготекстил- малопродажба„ - 23.970 акции, Статер Банка - 8.662 акции, ги префрла на сметката на Агенцијата и истите по добиена одлука од Владата ќе бидат ставени на располагање на Буџетот на РМ.