Крвава тепачка за жена
Двајца кумановци се повредени во тепачка што еден час по полноќ се случила на улицата „Србо Томовиќ“ бр. 16 во Куманово. Е.Р (17) и Е.И (18) се здобиле со повреди по главата и телото, откако се испотепале за жена што ја сакале нивните браќа.

Физичката пресметка помеѓу двете ромски семејства започнала во куќата на Ибраим Рамизов (19), кога упаднал Р.И.(27) со своите двајца браќа и сакал насила да ја врати дома поранешената сопруга Џ.К. која го оставила пред три месеци и сега живеела со Ибраим.
Додека шестчленото семејство Рамизов спиело, насилниците влегле во куќата и со нож го нападнале помалиот брат Е.Р., при што му ја пресекле дланката. Кога видел што му се случува, Ибраим зел стап и почнал да мава по нив, при што повредил еден од напаѓачите. Бегајќи од куќата браќата возвратиле со камење и побегнале.
Повредените се пренесени во ургентниот центар во Куманово и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Едниот од пациентите имаше повреда на главата и подлактицата, а второто момче со повреда на тетива на шаката. Тое се хируршки згрижени и пуштени дома - велат од болницата.
Увид на лице место извршила полицијата, а против учесниците во тепачката ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.