Крводарителска акција на СДСМ
29.07.2010 08:50
| KumanovoNews
Општинската организација на СДСМ утре организира крводарителска акција по повод 2 Август-Илинден.

СДСМ Куманово ја продолжува традицијата на организирање на крводарителската акција и ги повикуваме сите наши членови, симпатизери и хумани граѓани да ни се приклучат- вели претседателката Снежана Захариева.
Акцијата ќе се одржи од 11 до 17 часот во просториите на СДСМ во зградата на поранешен Комитет.