Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Д.Ѓ. (36) е уште еден кумановец за кој постои основано сомнение дека е инволвиран во случајот на сексуално злоупотребување на двете штипски малолетнички.
Според полицијата врз основа на досегашните сознанија од истрагата, како и врз основа на исказите на двете малолетнички, на засега неутврден датум во текот на април годинива, Д.Ѓ. во негов стан во Куманово, во повеќе наврати, извршил обљуба и други полови дејствија врз малолетничките кои во наведениот период немале наполнето 14 години.
По целосно документирање на случајот против Д.Ѓ. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело - „полов напад врз малолетник што не наполнил 14 години“.