×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лажната бомба го откажа настапот на ќерката на Весна Змијанац

    17.01.2016 14:38 | KumanovoNews

    Дојавата за бомба, ноќеска по полноќ го испразни ноќниот клуб Револушн  и го откажа настапот на српската пејачка Николија Јовановиќ.

    Лажната бомба го откажа настапот на ќерката на Весна Змијанац

    Во моментот на дојавата во клубот имало над 500 млади луѓе, кои го чекале настапот на ќерка на фолк звездата Весна Змијанац. Од клубот велат дека поради лажната бомба претрпеле само матерјална штета, бидејќи дел од гостите си заминале без да платата, а не се одржал ни концерот.

    „Среќа не се создаде паника, младите беа смирени и си излегуваа полека. Не ја сфатија сериозно заканата која ни ја пренесе полицијата. Не можам да кажам кој стои зад сето ова оставам полицијата да открие, - објаснува менаџерот на клубот Даниел Давковски.  

    Од Кумановската полиција велат дека работат на пронаоѓање на лицето кое 20 минути по полноќ телефонски се јавило и пријавило дека во угостителскиот објект има поставено експлозивна направа.

    Полициските службеници веднаш излегле на лице место и ги евакуирале гостите од клубот. Стручни лица од Одделот за антитероризам при МВР го пребарале објектот при што било констатирано дека нема поставено експлозивна направа и се работи за лажно пријавување.