Лежечка канделабра
29.06.2010 09:59
| KumanovoNews
Покрај тоа што наесовесни граѓани ја собориле на земја светилката уште ја врши својата функција, затоа што каблите кои се наоѓаат во куќиштето не се прекинати.

На улицата „Ива Лола Рибар„, поточно пред т.н. Скопски дуќани на тротоарот лежи светилка. Покрај тоа што несовесни граѓани ја собориле на земја светилката уште ја врши својата функција. Каблите кои се наоѓаат во куќиштето не се прекинати и таа свети, но претставува опасност. Поради тоа што е под напон некој може да се допре до соголените жици. И додека возрасните се свесни за опасноста и ќе внимаваат, децата од својата љубопитност можат да настрадаат.