Литературна вечер на Хрватите во Куманово
27.04.2010 08:58
| KumanovoNews
Заедницата на Хрвати во Република Македонија - Огранок Куманово, организираше литературна вечер.

Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ посетителите на наставата по хрватски јазик во Куманово читаа дела од познати хрватски автори. Исто така беше претставена и идната веб страница на огранокот.
На литературната вечер, покрај членовите од Куманово присуствуваа и гости од Скопје, претседателката на Заедницата Сњежана Тројачанец, членови на Заедницата, професорката по хрватски јазик и посетители на наставата по хрватски јазик во Скопје.