Мени

Локалните избори на 24-ти март?

09.01.2013 11:16 | KumanovoNews

 Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, локалните избори ќе ги закаже за 24-ти март, пренесува весникот „Дневник“.

Локалните избори на 24-ти март?

Согласно законските регулативи, локалните избори треба да се одржат во втората половина од месец март. Откако ќе биде објавен датумот, партиите и официјално ќе започнат да ги номинираат своите кандидати. Конечната листа треба да се објави најдоцна 25 дена пред почетокот на изборите.

Вељаноски официјалната одлука ќе ја соопшти во петок.