Мени

Мобилки на тротоар

27.06.2011 12:27 | KumanovoNews

Стари мобилни телефони деновиве завршија на тротоарот пред музичкото училиште. Не е познато дали сопстевникот на дуќанот за поправка на телефони ги фрлил покрај контејнерот или пак луѓето што претураат по сметот ги извадиле и расфрлале наоколу.

Мобилки на тротоар

Како и да е грда слика за минувачите, а жална за нашиот однос кон јавните површини и животната средина. Мобилните апарати го одработиле своето, но кога жителите на овој град ќе почнат да работата во интерес на средината во која живеат и да ги сменат лошите навики.