×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мулти-култи го посетија амбасадорите на Шпанија и УНИЦЕФ

    06.09.2010 13:37 | KumanovoNews

     Центарот за мултиетничка соработка на младите  „Мулти-култи„ денеска го посетиja шпанскиот амбасадор Хозе Мануел Пас Агуерас во придружба со амбасадрот на УНИЦЕФ Шелдон Јет од Скопје.

    Мулти-култи го посетија амбасадорите на Шпанија и УНИЦЕФ

     Центарот за мултиетничка соработка на младите  „Мулти-култи„ денеска го посети шпанскиот амбасадор Хозе Мануел Пас Агуерас во придружба со амбасадрот на УНИЦЕФ Шелдон Јет од Скопје. Целта на посетата беше да се запознаат до каде е реализацијата на проектот што го финансира шпанската влада.

    Ние сме имплементатори на проектот за Куманово во кој се вклучени младинскиот центар и екстракуликуларните активности во основните и средните училишта во градот. Во основните училишта веќе имаме формирано младински центари и секции  за мултикултурализам, а во нив ќе бидат вклучени и професорите. Во средните училишта целта на овој проект е младите од различните етничка припадност заедно да работат во иста просторија на одредена тема, и на тој начин да бидат позитивен пример  за самите наставници  - вели Линда Реџепи.

    Во основното училиште „Вук Караџиќ“, „Наим Фрашери“, „Саим Фрашери“ и „Гоце Делчев“ се обучуваат класните раководители како на демократски начин да ги изберат претставниците на класовите за поуспешна соработка помеѓу училиштата.

    Посетата на Куманово  амабсадорите ја искористија да се сретнат и со градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Куманово досега е најнапреден во спроведувањето на овој проект, поради што амбасадорите изразија особено задоволство. Се надеваме дека и во иднина ќе соработуваме на слични проекти за развој на демократизацијата на општеството и образованието, а пред се и на мултиетничките односи во нашата заедница - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Амбасадорите истакнаа дека се задоволни како досега се одвива програмата Мулти-култи и се надеваат дека активностите кои се во рамките на оваа програма ќе донесат позитивни промени во образовниот систем кај нас и на тој начин луѓето од различни етнички групи ќе можат да учат заедно и да имаат заеднички вон наставни активности.Овие проекти се покажалале успешени за Шпанија и се надеваат дека ќе бидат корисни и во нашата земја.