Невработените граѓани се доедуцираат
20.08.2013 15:02
| KumanovoNews
На седумина кумановци денеска им беа врачени уверенија за успешно завршена обука за електроинсталатер и електромонтер на електрични инсталации во станбени објекти, која ја посетуваа во техничкото училиште „Наце Буѓони“.
Обуката е дел од програмата за кадри дефицитарни на пазарот на трудот – Проект на Влада и Агенција за вработување.
Истражувањата покажале дека на пазарот на трудот во Куманово недостигаат овие две струки, како и чевлари и помошници козметичари. Преку проект невработените следат по двомесечна обука по теорија и пракса. Со стекнатото знаење се очекува полесно да најдат работа.