Објавен конкурс за Ноемвриска награда
12.10.2011 09:42
| KumanovoNews
Советот на Општината Куманово го распиша годинешниот конкурс за доделување на Ноемвриска награда.
Конкурсот ќе трае до почетокот на ноември, по што Комисијата за манифестации, празници и доделување на награди на седница ќе одлучи коj ќе ги добие престижните признанија.
Критериумите се исти и оваа година,сите поединци, организации и фирми од Куманово, кои со своето дело и работа, сметаат дека дале особен придонес за развоја на Општината, можат да конкурираат. Секој што е заинтерсиран за наградата може сам да се пријави или тоа за него да го стори група на граѓани - вели Александра Георгиевска претседател на Комисијата за манифестации празници и доделување на награди.
Наградите ќе бидат врачени на Свечена седница на Денот на ослободување на градот.

