Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Првиот ден се врши елиминација од пријавените-кадети и трите најдобри екипи утре ќе учествуваат на финалниот општински натпревар, заедно со екипите од средните училишта- јуниори.Победниците ќе го застапуваат противпожарниот сојуз на регионалното натпреварување во Свети Николе во ноември, а во декември во Куманово ќе се одржи државниот натпревар. Учениците се натпреваруваат по знаење од противпожарна заштита од скрипта што ја издаде Противпожарниот сојуз со основните превентивни мерки и сретства за гасење- вели Часлав Јовановиќ, секретар на Општински противпожарен сојуз Куманово и член на претседателството на Републичкиот сојуз.
Од оваа година новина во квизот ќе биде натпреварување во видео играта Див оган, каде учесниците на виртуелен начин ќе ги совладуваат огненените стихии.Анимирањето на младите има за цел да ги врати младите во противпожарните домови.