Пијан кршел стакла и се заканувал со убиство
09.08.2010 14:29
| KumanovoNews
СВР Куманово, поднесе кривична пријава против Д.Ј. (39) од Куманово за сторено кривично дело „насилство„.

Мината недела на ул.„Тоде Думба„ пријавениот под дејство на алкохол без повод и причина нападнал еден такси возач и со тврд предмет го искршил ветробранското стакло од возилото. Истата вечер искршил уште едно ветробранско стакло од автобус и со секира и нож се заканувал по животот на едно лице.