Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција има осомничени за ладнокрвното убиство на Горан Трајановски (39), кој пред два беше застрелан пред влезот на неговата куќа во кумановската населба Зелен Рид.
Од таму велат дека интензивно се работи на случајот и околностите под кои се случило убиството, а на информативен разговор биле повикани повеќе лица кои одговараат на описот на убиецот. Полицијата ги проверува и шпекулациите што се пласираат во јавноста дека Трајановски имал нерасчистени должничко- доверителски односи, но во интерес на истрагата не соопштуваат детали.
Познато е дека извршителот на делото пукал со пиштол калибар 6, 35 милиметри со пригушувач, а резултати од обдукција сеуште нема.
Убиството на трговецот со текстилна стока се случило завчера во 22.30 часот,кога маскирано лице пукало во него на влезната врата. Сопругата притрчала да му помогне, но безуспешно, бидејќи куршумот испукан во неговото раме бил смртоносен.