Помен за жртвите од НАТО бомбардирањето
23.03.2010 10:19
| KumanovoNews
По повод 11 години од бомбардирањето на поранешната Сојузна Република Југославија од НАТО Алијанса, Српската заедница во Куманово, утре во 12 часот ќе организира помен во црквата Св. Тројца.

Граѓаните ќе запалат свеќи и оддадат почит на жртвите што настрадале за време на бомбардирањето, соопштуваат од Српската зедница.
На поменот ќе присуствува и председателката на Српската Заедница во Македонија Гордана Стојковска.