Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Е кипите на основното училиште „Кочо Рацин„ и гимназијата „Гоце Делчев„ ќе го претставуваат градот на регионалниот натпревар по противпожарна заштита што во ноември ќе се одржи во Свети Николе.
Екипите на двете училиште покажаа најдобри резултати и со право го освоија приматот. Втори беа екипите на „Браќа Миладиновци„ и Доброволното противпоижарно друштво „Перо Чичо„, а третите места им припаднаа на учениците од „Крсте Мисирков„ и „Наце Буѓони„- вели Часлав Јовановиќ секретар на Општински противпожарен сојуз Куманово.
На општинското натпреварување знаење од областа на противпожарната заштита покажаа триесетина ученици кадеи и уште толку јуниори. Куманово годинава ќе биде домаќин на републичкиот квиз во месец декември.