Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дваесетина пчелари се претставуваат на годинешниве „Денови на медот 2010„ што ги организира здружението на пчелари од Куманово. Традиционално и оваа година најголем број од учесниците се од Куманово, а има и гости од Гостивар, Виница и Битола.
Овде го претставуваме македонското, а не кумановски пчеларство. Манифестацијата ќе треа три дена и покрај продажниот има и едукативен карактер, како за посетителите така и за самите пчелари - вели Бранко Тасевки, претседателот на здружението „Пчела„.
Единаесетите Денови на медот свечено беа отворени во присуство на повеќе граѓани. Во културно-уметничката програма настапија играорци од КУД „Срма„.Присутните ги поздрави секретарот на Општината Оливер Спасовски, кој ја искористи приликата да им оддаде признание на организаторите.
Оваа манифесттација од почетокот има голема подршка од локалната самоуправа и се надевам дека традицијата ќе продолжи. Само така ќе допринесеме за поголем развој на пчеларството кај нас- рече Спасовски.
Пчеларите велат дека последните години се соочуваат со намалено производство и одредени проблеми, но сепак сметаат дека во Македонија има одлични услови за развој на пчеларство.
Јас ги одгледувам пчелите во селото Стрновец и нудам природен и квалитетен мед. Во пчеларникот запазени се сите стандрди за органско производство и постои висок квалитет во преработката.Овде имаме можност да се сретнеме со другите колеги, но сметам дека недостасуваат повеќе вакви манифестации - вели пчеларот Милорад Арсовски.
Медарите апелираат до организаторите да направат иста манифестација и на пролет на празникот Благовец.