Мени

Прекинато водоснабдувањето на пет улици

14.06.2013 08:49 | KumanovoNews

 Домаќинствата на пет улици во Куманово утринава немаат вода за пиење.

Прекинато водоснабдувањето на пет улици

Поради дефекти на водоводните цевки снабдувањето со вода е прекинато на улиците: „Лесковачка“, “Народна револуција“, “Октомвриска револуција“, “Никола Карев“ и “Индустриска“.

Вработени на ЈП“Водовод“ веќе се на терен и работат на отстранување на дефектите. Снабдувањето со вода ќе се нормализира за неколку часа.