Мени

Премиера на претставата “Human Choice”

07.03.2011 10:24 | KumanovoNews

 Во Народниот Театар Куманово вечерва премиерно ќе биде изведена претставата “Human Choice” (Човеков избор), од волонтерите на општинската организација на Црвениот Крст Куманово.

Премиера на претставата “Human Choice”

Претставата е во режија на Александар Стефановски, сцената и костимите се дело на самите актери, а играат актери- аматери, студенти и ученци.

 Клучот од мистеријата наречена “Human Choice” ќе треба да го пронајдете сами, по завршувањето на драмата што младите сами ја напишаа испровоцирани од појавите на новото време- велат од екипата што работи на проектот.

Билетите се  во ограничен број и ќе се продаваат на касата на Народен театар пред почетокот на претставата во 19 часот.