Пријава за разбојништво
26.04.2010 09:37
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Д. (25) од с.Младо Нагоричане за сторено кривично дело „разбојништво“.

Минатата недела во 15,30 часот, во куќа на ул. „Боро Прцан„ во Куманово, разбојникот со употреба на физичка сила извршил влегол во куќата на Е.С.(31). При тоа промешал по собите и одземал 5.600 денари.
Истражен судија од Основниот суд Куманово на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.