Мени

Проодни се патиштата во кумановско

28.01.2011 10:11 | KumanovoNews

Патните правци кон селата Павлешенце, Војник, Матејче, Сопот и Умин Дол  што ги одржува „Македонија-пат„ секција Куманово се проодни, меѓутоа сообраќајот се одвива во зимски услови.

Проодни се патиштата во кумановско

Екипите се на терен и по потреба интервенираат со опесочување и посолување на асфалтот. Бидејќи досега има навеано околу 3 сантиметри снег, сеуште не се употребуваат возила за чистење на снегот. На возачите им се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината во зимски услови.