Протести на социјалците во Куманово
21.09.2010 08:24
| KumanovoNews
Невладината организација „Хоризонт-Македонија„ од Крива Паланка утре организира протести за корисниците на социјална помош во Куманово.

Протестот е насловен “ И корисниците на социјална помош имаат право на живот” и
ќе се одржи пред Центарот за социјални работи со почеток во 11 часот. Вакви протести на социјалците организаторите најавуваат во 20 града во државата.