Мени

Ред снег, ред сонце

27.02.2012 09:40 | KumanovoNews

Пред еден час Куманово го зафати вијулица, а потоа пак се појави сонцето.

 
Ред снег, ред сонце

Иако во сабота имавме пролетно време и се понадевавме дека оваа зима се откачивме од снегот, сепак, тој, утринава пак почна да вее. Пред еден час Куманово го зафати вијулица од снег со силен ветер, а потоа пак излезе сонцето.

 Според метеоролозите  денеска ќе биде променливо облачно и студено време со повремени локални врнежи од снег особено претпладне. Ќе дува умерен а наместа и силен ветер од северен правец.  И утре времето ќе биде променливо облачно со ниски температури.