Се чистат патиштата во завените села
08.02.2012 16:19
| KumanovoNews
Општината Старо Нагоричaне интензивно работи на расчистување на патиштата во планинските козјачки села. Денеска екипите работеле на патот кон селото Длабочица.
Истовремно со нашите екипи на терен беа и екипита на ЕВН кои ги поправаат далноводот, за да обезбедат електрична енергија за селата- вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.
И покрај тоа што временските услови се лоши, народната кујна во Драгоманце работи и дели храна на социјално загрозените семејства.
На расчистување чекаат и останатите патни правци кон селата: Малотино (3 км); Мглинце (4 км); Буковљане (4 км); Арбанашко; Бајловце – Аљинце (6 км); Бајловце – Жегљане (5 км; и Орах – Дренак (14 км).

