Се градат тротоари на „Никола Тесла„
26.07.2010 10:59
| KumanovoNews
Улицата „Никола Тесла„ на потегот од железничкиот мост до селото Долно Којнаре ќе добие тротоари. Тротоари ќе се постават во должина од 2350 метри, а нивната широчина ќе изнесува 2,5 метра.

Проектот чини 10,5 милиони денари и треба да заврши до почетокот на новата учебна година. Тротоарите на една од најфрекфентните улици во градот се наменети за учениците во земјоделското училиште, но и за останатите граѓани што живеат во тој дел од градот-вели Момчило Јовановски од Секторот за урбанизам.
Екипите на претпријатието Ибро комерц, деновиве работат на поставување на ивичниците, по што ќе се асфалтираат пешачките патеки.