Се одржаа Бајловски средби
04.10.2010 13:47
| KumanovoNews
Во селото Бајловце во недела се одржaa традиционалните Бајловски средби под покровителство на градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, а во организација на Здружение „Козјачието во срцето“.

Со богата програма целата манифестација помина во одлично дружење и забава. Поздравниот говор го одржа градоначалникот Миодраг Јовановиќ и претседателот на Здружението Зоран Бојковски. Здружение „Козјачието во срцето“, го промовираше проф. Кирил Трајковски. Богатата уметничка и музичка програма беше во изведба на ученици од селото Бајловце и КУД „Карпош“. Исто така имаше и натпревар во најдобра бајловска баница и заеднички ручек.