Мени

Се реконструира улицата “Ѓуро Пуцар Стари“

15.08.2012 09:55 | KumanovoNews

 Општина Куманово работи на изградба и реконструкција на неколку улици во градот меѓу кои и е дел од улицата “Ѓуро Пуцар Стари“ во населбата Перо Чичо.

Се реконструира улицата “Ѓуро Пуцар Стари“

Се реконструира улицата во должина од 1100 метри над пругата Куманово - Бељаковце се до улицата бр.15. Планирано е да се направи коловозна и тротоарна конструкција на самата улица. Се работи интензивно и согласно динамиката на работа се очекува наскоро да биде пуштена во употреба.