Се заканувал на сведок да смени судски исказ
24.02.2010 13:51
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.А.(33) од Куманово за сторено кривично дело „незаконито влијание на сведоци“.

На 25 јануари годинава, на ул. „Гоце Делчев„ во Куманово, пријавениот влегол во такси возилото на Д.А.(23) од Куманово и му се заканил дека физички ќе го нападне доколку не го смени својот исказ во судската постапка што се води против Б.А. за кривично дело „тешка кражба“ во која оштетен е Д.А.