Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По смена на претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија, промени ќе претрпат и раководствата во Регионалните синдикати.
Во Куманово најверојатно ќе се случи промена, но како што добивме информација за утре актуелниот претседател Слободан Радевски закажал состанок на кој сака да направи некој локален синдикат. Тоа е спротивно по статутарните одредби на Сојузот и апелирам сите што се повикани за тој состанок да не присуствуваат, бидејќи нема да постапат правилно. Сметам дека смената на претседателот во Куманово ќе се случи во најскоро време- изјави Миле Спасовски, претседател на СИЕР.
Новото претседателство во најскоро време ќе одржи состанок на кој ќе бидат разгледани досегашните резултати на претседателите на регионите и оние што не одговориле на задачите ќе бидат сменети.
Крајно време беше оваа промена да се случи, бидејќи десетина години наназад додека на чело беше Муратовски, синдикатот падна на многу ниско ниво во однос на синдикатите во соседните земји и Европа- смета Спасовски.