Мени

Спречен шверц на текстил

25.11.2011 13:25 | KumanovoNews

На патниот правец Крива Паланка-Куманово во населбата Карпош, мобилните царински тимови се обиделе да запрат голф со македонски регистарски ознаки, но возачот не застанал на светлосната и звучна сигнализација.

Спречен шверц на текстил

По кратка потера, возилото било оневозможено да го продолжи патот, по што била извршена контрола на внатрешноста на автомобилот. При прегледот, во повеќе најлонски црни кеси биле откриени 141 готови текстилни производи (фармерки, џемпери, палта и др.),за кои возачот и сопатникот двајцата од Крива Паланка, не поседувале никаква документација за платени увозни давачки и за потекло на стоката.