Супер Тинекс во поранешна „Мома„
Во просториите на поранешна „Мома„ вчера се отвори новиот хипермаркет на Тинекс. На површина од 1500 метри квадратни во објектот се сместени маркетот Супер Тинекс и дрогеријата Космо.

Потрошувачите можат да се снабдат со над 35 000 прехранбени производи,бела техника, козметика, играчки, книги и се што е неопходно за урбано живеење на едно семејство.
Во Супер Тинекс моментно работат педесетина вработени, но нивниот број ќе се зголемува. Нашата инвестиција чини околу пола милион евра- вели Кристина Тодоровиќ-Николиќ, генерален извршен директор во Тинекс.
Во малата стоковна куќа, новина е дрогеријата Космо која што е поразлична и единставена по својот асортиман на квалитетна и домашна козметика. Супер Тинекс е петти хипермаркет или 39 -ти маркет во државата од ланецот Тинекс.
Тинекс во Куманово важи за еден од најпрестижните и најснабдени во градот.
По повод отварањето на Супер Тинекс на Градскиот плоштад се одржа концерт на која настапија поп-ѕвездите Елена, Ламбе и Слаткаристика, a прославата заврши со спектакуларен огномет.