Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 3000 барања за субвенционирање на есенските житни култури се поднесени во подрачното Министерство за земјоделство во Куманово. Дневно аплицираат и по 150 земјоделци,а крајниот рок за поднесување е до крајот на мај.
Земјоделците имаат време да ги поднесуваат своите апликации."Најголем дел од земјоделците поднесуваат барање за субвенционирање на житните култури,за кои Владата одвојува по 8000 денари по хектар.Во истовреме тече и поднесувањето на документите за субвенционирање на лозари и овоштари.Земјоделците се информирани за начинот на аплицирање , меѓутоа ние немаме толкав капацитет да обработиме по 400 барања , затоа и ги молиме земјоделците да земаат број на пријавница за да се олесни работата службениците -вели Скендер Алии соработникот во подрачната единица.
Новина е што оваа година барање за субвенции може да поднесуваат само сопствениците на имотите, а не како што беше лани и нивните наследници. Од подрачната единица ги повикаа наследниците што поскоро да ги средат имотните листови, за да може да поднесат барање за субвенционирање.
Инаку минатата година од кумановскиот крај имаше над 6000 земјоделци кои бараа субвенционирање за оваа мерка.