Топки за децата во Старо Нагоричане
07.04.2010 10:14
| KumanovoNews
Градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ со своите соработници по повод големиот христијански празник Велигден - Христово воскресение, на децата од неколку населени места на општината подели топки за фудбал, кошарка и ракомет.

Топките беа донирани со цел да се развива спортот и спортската култура кај младите на територија на Општината Старо Нагоричане, велат од Општината.