Мени

Tри улици денеска без вода

09.10.2012 07:29 | KumanovoNews

 Утринава без вода се граѓаните на три улици, а на други две локации се обновува водоводната мрежа.

Tри улици денеска без вода

Вода нема на улиците “Титова Митровичка“ во населба Гоце Делчев, “Доне Божинов“ во центарот на градот и на Пчински пат. На улиците “Чупино Брдо“ и “25 февруари“ се обновува водводната мрежа. Се очекува во најбрз можен рок дефектите да бидат отстранети и снабдувањето со вода да се стабилизира.