Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Куманово организира трибина на темата "Превенција на насилство меѓу младите".
Модератори на оваа трибина ќе бидат пратеничката Дарка Петрушевска,Весна Хорватиќ, директор за Бирото за развој на образованието, Дивна Јанкова, психолог и Претседател на НВО Доверба, Виолета Богдановска, началник на Одделението за превенција при СВР Куманово, Јовица Божиновски, Комесар за криминални работи при СВР Куманово и Сунчица Милошевска, инспектор по малолетничка деликвенција и социопатолошки појави.
Трибината ќе се одржи утревечер со почеток во 17.30 часот, во малата сала на Центар за култура “Трајко Прокопиев”.