×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Учениците од „11 Октомври„ заминуваат во странство

    01.11.2010 16:43 | KumanovoNews

     44 ученици од прво до осмо одделение од Основното училиште „11 Октомври„ во Куманово веќе два месеци не доаѓаат на настава, поради тоа што со нивните родители заминале во странство.

    Учениците од „11 Октомври„ заминуваат во странство

     Сите деца се од ромската населба Средорек и Живкова Карпа и претежно од сиромашни семејства. Од училиштето излегле на терен и од роднините дознале дека децата се надвор од земјата.

    Речиси две наши паралелки го напуштија училиштето веднаш по запишувањето, а некои малку подоцна. Дел од родителите ги одјавија децата, а некои не не известија. Оваа практика беше пристутна и претходните години заради сезоска работа на родителите, но оваа година се највеќе. Најголем дел се ученици од второ и петто оделение по над десетина деца, а останитите се по 3-4 ученици од одделение. Според она што го имаат напишано во изјавите нивните роднини најмногу се отидени во Германија, а само по неколку во Франција, Шведска и Белгија- вели директорот Круме Младеновски.

    Училиштето го посетуваат 158 ученици Роми, што значи дека една четвртина од учениците ги нема. Директорот се надева дека тие ќе се вратат, бидејќи земјите каде што одат да бараат работа и престој не ги прифаќаат, но смета дека тие тешко ќе можат да ја совладаат програмата.

    Имаме големо отсипување на учениците и со нивното отсуство сериозно е загрозен образовниот процес. За проблемот се известени сите надлежни институции-информира Младеновски.

    Заминувањето во странство и барањето азил од семејствата во населбата Средорек е зголемено. Тоа го истакна и белгискиот претставник при посетат на Куманово, кој побара локалните власти да го информираат неселението за последиците од непродуктивните патувања.