Уште еден починат од предозираност
07.06.2010 13:29
| KumanovoNews
Бобан Деспотовски (34) од населбата Карпош вчера бил пронајден мртов од предозираност во куќа на негов пријател во истата населба.

Безживотното тело на момчето го пронашол газдата на куќата, кој предходната вечер го оставил да спие кај него, а тој излегол. Покрај телото биле пронајдени расфрлани игли, шрицеви и ампули. По извршениот увид било утврдено дека Деспотовски починал од предозираност со хероин.Телото е предадено на обдукција.