Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претпријатието треба да произлезе од сегашен „Водовод„ и неговата дејност ќе биде градешната оператива, односно изградбата на улици, патишта, водовод и канализација.
Деновиве се почесто се зборува дека ќе се формира ново локално јавно претпријатие „Куманово пат„. Претпријатието треба да произлезе од сегашен „Водовод„ и неговата дејност ќе биде градешната оператива, односно изградбата на улици, патишта, водовод и канализација.
Постојат првични разговори за формирање на новото претпријатие, но одлукате ќе биде на Советот на Општината. За да се донесе ваква одлука ќе ни биде потребно согласност од Европската банка за обнова и развој, бидејќи ЈП „Водовод„ уште пет години треба да враќа кредит од МЕАП програмата земен во 2002 година -вели Виктор Божиновски, директорот на ЈП „Водовод„.
Тој ја подржува идејата за фрмирање на ново претпријатие бидејќи смета дека така ќе биде поефикасна работата на двете претпријатија, затоа што ќе се издвојат дејностите. Тогаш „Водовод„ ќе стопанисува само со вода и канализација, додека новоформираното претпријатие „Кумановопат„ ќе работи врз основа на програма за изградба на улици, патишта, канализациони систем и на територијални патишта. Општината ќе го финасира јавно претпријатие, кое ќе работи на сите проекти кои ќе се извршуваат во Општината.