ВАЦ ќе отпушта новинари
11.03.2011 13:56
| KumanovoNews
Германски ВАЦ најави редуцирање на бројот на вработените и за згаснување на Утрински весник.
Од редакциите на Дневник, Вест, Утрински весник и Теа-модерна новинарите велат дека тие не се виновни за влошената финаснска состојба, туку менаџерскиот тим. Постои можност во вторник да биде одржан едночасовен предупредувачки штрајк.
Новинарскиот синдикат предупредува дека менаџерскиот тим треба и со нив да разговара и дека Синдикатот треба да биде учесник во решенијата „без оглед дали станува збор за државен, јавен или приватен медиум“. Од МПМ соопштуваат дека се работи за деловна политика на приватна компанија и дека политиката на стабилизација не мора да значи и отпуштање на новинари.

