Велигденска честитка од локалната власт во Старо Нагоричане
03.04.2010 11:08
| KumanovoNews
Градоначалникот Миодраг Јовановиќ , на жителите на Општината Старо Нагоричане им упати најискрени честитки по повод големиот христијанаски празник Велигден.

На сите мои сограѓани од православна вероисповест сакам да им го честитам големиот христијански празник, Воскресението Христово – Велигден. Нека празникот им помине во радост и среќа и благосостојба и верба за поубаво утре - се вели во честитката.