Во Матејче најдена стара граната
08.03.2010 15:04
| KumanovoNews
Во селото Матејче во напуштена куќа била пронајдена неексплодирана граната од Втората светска војна. Екипите од Дирекцијата за заштита и спасување,добила информации од полициската станица Матејче и веднаш ја отстраниле гранатата.

"Гранатата ја пронашле деца кои си играле во куќата.Родителите ја информирале полицијата,која не информираше и ние веднаш излеговме на терен"-вели Гоце Илиќ пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.
Гранатата ќе биде уништена на локалитетот "Зебрњак",заедно со останатите неексплодирани средства кои ќе бидат пронајдени во текот на годината.