Вода нема на шест улици во Куманово
26.08.2013 07:47
| KumanovoNews
Водоснабдувањето утрово поради дефекти е прекинато на шест улици во градот.

Без вода за пиење се граѓаните кои живеат на улиците “Никшичка“, “425“ и “400“ во населба Иго Тричковиќ, “Благоја Паровиќ“, “Никола Карев“ и “Трета МУБ“. Од ЈП“Водовод“ објаснуваат дека нивни вработени веќе работат на санирање на дефектите и на овие шест улици снабдувањето со вода треба да се нормализира во најкраток можен рок.
Други прекини на територија на град Куманово засега не се регистрирани.