За Липково е приоритет асфалтирање на патот за Арачиново
Општината Липково во наредниот период ќе работи на подобрување на патната инфраструктура кон соседните општини.

Поправањето на стариот пат кон Скопје, преку селото Арачинов и изградбата на неколку патишта кон планинските села се само дел од проектите, кои локалната самоуправа со помош на финасиски сретства од државата, планира да ги реализира.
Липково е рурална општина која има многу проблеми во инфраструктурата, и треба да ги решава во наредниот период. Наш приоритет е да се направи регионално поврзување на општините Липково и Арачиново со Скопје. Пaтот веќе постои и потребно е само да се реконструира и8 нема многу да чини- вели градоначалникот Садула Дураку.
Во локалната самоуправа планираат со нов пат да ги поврзат Горната брана, Глажња и селото Гошинце. Во тек е изработка на физибилити студија за прочистување на фекалните води, за да се заштити животната средина каде постојат предуслови за развој на туризмот.