×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна учебната година

    01.09.2010 12:22 | KumanovoNews

    За околу 12,5 илјaди основци и 7200 средношколци во Куманово денеска започна учебната 2010/2011 година. Прв пат во училишните клупи седнаа околу 1400 првачиња за кои беше организиран свечен прием во сите 16 училишта во Општината.

    Започна учебната година

    Во  ОУ „ Крсте Мисирков“ и „Наим Фрашери„ на свеченоста просуствуваше градоначалникот Зоран дамјановски. Тој им посака успешен почеток на учебната година и ја потенцираше важноста и квалитетот на образованието на новите генерации.

    Оваа е училиштетото во кое јас учев пред 40 години и секогаш имам респект кон него, бидејќи е централно училиште кое има традиција во централното градско јадро. Ви посакувам многу среќа во вашата едукација, да се оспособите во успешни граѓани со кое ќе се гордее нашето општество. Тоа е долг процес и ве чека напорен период во кој треба да вложите многу труд, но резултатите секогаш ќе бидат на ваша страна- рече во своето обраќање градоначалникот Зоран Дамјановски.

     Првачињата ги поздрави и директорот на училиштето Александар Саздевски, кој ги истакна предностите на реформирано образование кое ќе овозможи поквалитетно и школување.

    Во предметната настава воведовме кабинетска настава и правиме напори да ги осовремениме кабинетите,а новина од годинава е новиот предмет роботика, кој ќе биде подлога за идните инжинери кои би требало да произлезат од оваа училиште. Голема подршка во реализирање на нашите идеи имаме од локалната самоуправа - рече директорот Саздевски.

    Во ОУ "Магдалена Антова" од населбата Карпош над седумдесетината првачиња и околу 800 основци денеска тргнаа на училиште.

    Учениците пристигнаа навреме и беа прифатени од наставниот кадар, подготвени сме да почнеме со настава. Летниот период го искористивме за реконструкција на училиштето, завршивме со варосувањето на сите училници, направивме поправка и дезинфекција на санитарните јазли, ги отстранивме сите дефекти кои што ги имавме со осветлувањето, поправена е и фасадата со што училиштето доби сосема нов лик. Реконструкцијата чинеше околу 2,5 милиони денари, но сепак реално таа сум беше многу поголема бидејќи голем број на фирми кои се наоѓаат во оваа населба ни беа спонзори и донираа средства за училиштето - вели директорот Живко Стојковски.

    По долго чекање извршен е технички прием на спортската сала "Панко Брашнаров" и годинава ќе ја користат учениците.