Започнува летното сметање на времето
27.03.2010 08:33
| KumanovoNews
Со поместување на часовниците за еден час нанапред, вo недела наутро
започнува летното сметање на времето.

Како што соопштуваат од Министерството за економија, летното сметање на
времето започнува на 28-ми март во 02:00 часот по полноќ, кога со
поместување за еден час нанапред времето во 02:00 часот ќе се смета како
03:00 часот.
Летното сметање на времето ќе трае до 31 октомври.