Затворот во Кшање ќе се доградува догодина
Во Затворот во Кшање, изградбата на потребните објекти ќе започне наредната година со сретства од Банката за развој на Советот на Европа.

" Ќе се гради административна зграда, болничкиот одел, кујната, трпезаријата, пералницата, работилниците, магацините, гаражите, спортските терени, енергетскиот блок, безбедносната ограда и на пристапниот пат во должина од 1300 метри. Моментално од овој проект се завршени урбанистичките и идејните проекти, а се подготвува техничка документација за изработка на основен и изведбен проект", соопштуваат од Управата за извршување санкции.
Изградбата на новиот затвор во селото Кшање започна на 7 јули 2007 година, а првите лопати ги фрлија министрите за правда Михајло Маневски и за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.