Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово се зголемува бројот на семејствата што сакаат во својот дом да прифатат и да згрижат малолетни или возрасни лица . Семејства што досега се пријавиле во Центарот за социјални работи во Куманово чекаат да бидат ангажирани по потреба, бидејќи во моментот нема незгрижени лица.
За среќа бројот на семејстват е во благ пораст за разлика од минатите години, но во моментот немаме потреба од таа услуга. Во Кумановскиот регион досега има 8 семејства кои згрижуваат малолетни и возрасни лица, како и лица со посебни потреби, кои од било која причина се нашле во состојба на семеен ризик. Со згрижувањето на лицата им се компензира семејството и се настојува максимално да им се помогне и доближи семејната атмосфера. Десет лица од Кумановскиот регион се згрижени во вакви семејства, од кои 6 деца се сместени во други градови, затоа што во моментот на нивно згрижување кај нас немало пријавено заитересирани семејства- вели Мирослава Илиевска, социјален работник од Центарот за социјални работи во Куманово.
Згрижувачкото семејство добива паричен надомест за услугата, меѓутоа дел од износот е наменет за лицето кое го згрижува.
Семејството е должно до Центарот за социјални работи да доставува извештај за состојбата на лицето што го згрижува, но и за трошењето на финасиските средства кои се наменети за него. Со тоа Центарот има увид за моменталната состојба на згриженото лицето за навреме да реагира доколку не се работело согласно законот и да го заштити од можна злоупотреба.